Експерт за активација на пасивни клиенти

  • Full-time
  • Customer experience
  • Back Office

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 


 Позицијата вклучува:

 

  • Активно учествува во креирање и спроведување на статегијата за реактивација на пасивни корисници.
  • Врши телефонско контактирање на базата на пасивни корисници преку VCC Software, преку претходно дефинирани листи.
  • Заедно со тимот, подготвува и ги применува сценаријата за продажба.
  • Врши проценка на ризик на потенцијални пасивни корисници врз основа на нивната кредитна историја.
  • Обезбедува транспаретни и точни информации за производите и услугите.
  • Подготвува апликации за кредит и нуди попусти според денот на пасивност на корисникот.
  • Самостојно оценува кој продукт да го понуди на корисникот, според неговата претходна историја.
  • Постојано ја истражува конкуренцијата, подготвува неделни и месечни извештаи и дава предлози за воведување на нови производи и услуги.
  • Дава предлози и иницијативи за унапредување на регуларните и дополнителните активности на одделот.

 

На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на Оддел за телефонска продажба.

Профил на кандидат:

  • Пожелно е да има искуство од најмалку 6 месеци.
  • Познавање на системот за кредитирање и комуникација со клиенти.
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Ориентираност кон резултати и остварување на дадените задачи на дневно ниво
  • Поседување на аналитички вештини и ориентираност кон детали
  • Работа од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот, работни саботи од 09:00 до 14:00 часот.

 

Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Основна плата плус месечни бонуси според политиката на компанијата
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 


Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. Финмак го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од Финмак, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

Финансиско друштво Финмак ДОО Скопје