Менаџер на мрежа на филијали

  • Full-time
  • Customer experience
  • Back Office

Финансиско друштво ФИНМАК е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата


Менаџер на мрежа на филијали

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 


Оперативни функции и задолженија:

  • Одговорен за имплементирање на политиките насочени кон остварување на бизнис целите на мрежата на филијали;
  • Одговорен е за успешно и ефикасно функционирање на мрежата на филијали како целина, самите филијали, како и за подобрување на активностите во рамките на мрежата;
  • Оговорен за зголемување и развој на кредитното портфолио на филијалите;
  • Одговорен за грижа на корисници во мрежата на филијали;
  • Менаџмент на Супервизори на филијали;
  • Известување до повисок менаџмент.

 

Општи функции и задолженија:

  • Подготвување на стратегија за спроведување на ОКРс на компанијата за филијалите;
  • Изработка и ревидирање на процедури за вработените кои се однесуваат на работните процеси во филијала
  • Организација, координација и мониторинг на активностите и резултатите кои се очекуваат од мрежата на филијали;
  • Врши мониторинг на усогласеноста на тековните активности со поставената стратегија и приоритети;
  • Ги координира процесите кои што се поврзани со услугата за клиенти во филијалите;
  • Воведува и предлага промени на алатки за адекватна грижа за клиенти во филијалите;
  • Врши редовен мониторинг на исполнување на целите и продуктивноста на вработените во мрежата на филијали;
  • Иницира семинари и процеси за обука на вработените во мрежата на филијали;
  • Учествува во развојот на нови услуги;
  • Креира и гради целно ориентиран и конзистентен имиџ на брендот на друштвото;
  • Врши други должности и задачи на барање на Генерален директор или повисок надреден, кои се во согласност со регулативите на друштвото.


 Услови од компанијата:

 

  • Дел од менаџмент тимот;
  • Современа и најнова технологија;
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Дополнително колективно осигурување;
  • Можност за напредување;
  • Динамични работни услови во брзорастечка финтек компанија;

 

 

Предуслови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • Завршено високо образование;
  • Минимум 3 години искуство во раководење на тимови, од кои минимум 1 година искуство во раководење на мрежа на филијали во банка или финансиска институција;
  • Активно познавање на англиски јазик и високо ниво на познавање на ексел;
  • Способност за управување со проекти и процеси, изразени комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони делови во Друштвото, способност за развивање и прифаќање на нови процеси во Друштвото, аналитички и презентерски способност;
  • Тренинг по бизнис анализа или проектен менаџмент ќе се смета за предност.


Доколку сметате дека сте вистински кандидат, Ве молиме испратете Ваша биографија полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

Финансиско друштво ФИНМАК