Експерт за процесирање на плаќања

  • Full-time
  • Customer experience
  • Back Office

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата


Експерт за процесирање на плаќања

 


Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 


Позицијата вклучува:

  • Навремено импортирање на банкарските плаќања;
  • Точно и прецизно прокнижување на банкарските плаќања на соодветните клиенти;
  • Навремена исплата преку банкарски трансфер на издадените кредити;
  • Администрирање на кредити;
  • Следење на состојбите на банкарските сметки, со цел обезбедување на доволно средства за исплата на кредити;
  • Грижа за намалување на вишокот на парични средства на ниво на компанија
  • Комуникација со банките (телефонска и преку емаил) со кои компанијата има соработка.

 

На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер за електронско кредитирање и процесирање на плаќања.

 

Профил на кандидат:

  • Пожелно е да има искуство во команијата од најмалку 1 година
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Ориентираност кон резултати и остварување на дадените задачи на дневно ниво
  • Поседување на аналитички вештини и ориентираност кон детали
  • Флексибилност за работа во две смени од понеделник до петок од 08:00 до 18:00 часот и сабота од 10:00 до 14:00 часот.


Услови од компанијата:

  • Современа и најнова технологија
  • Основна плата според политиката на компанијата
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО