Маркетинг Координатор

  • Full-time
  • Marketing & PR
  • Back Office

Тиго Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот, која нуди широк спектар на финансиски услуги, вклучувајќи брзи и потрошувачки кредити. Со седиште во Скопје и докажано искуство и резултати во индустријата, компанијата има за цел да обезбеди микрофинансиски услуги за физички лица преку едноставен, брз и удобен процес на кредитирање.

 

Маркетинг координатор

 

Дали си организирана, комуникативна и проактивна личност која сака да биде врската помеѓу бизнисот и маркетингот?

 

Тиго бара Маркетинг Координатор кој ќе ги координира сите маркетинг активности помеѓу компанијата и надворешните маркетинг агенции, ќе следи рокови, ќе организира кампањи и ќе се грижи идеите да се претворат во конкретни резултати.


Што ќе биде твоја задача?

 

✅ Координација на дневната комуникација помеѓу компанијата и маркетинг агенциите

✅ Следење на реализација на маркетинг кампањи и почитување на рокови

✅ Подготовка и координација на CRM комуникации (SMS, Viber, e-mail кампањи)

✅Предлагање продажно ориентирани маркетинг активности за привлекување нови и задржување постоечки клиенти

✅ Координација на изработка на реклами, промотивни материјали и содржини

✅Следење на веб-страницата и комуникација со агенции и ИТ тим за потребните измени

✅ Организација и следење на маркетинг проекти и административни задачи


Што очекуваме од тебе?

 

✔ Одлични организациски и комуникациски вештини

✔ Способност за координација на повеќе проекти истовремено

✔ Иницијативност, снаодливост и ориентираност кон резултати

✔ Продажен начин на размислување и разбирање на потребите на клиентите

✔ Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, PowerPoint, Word)

✔ Искуство во административна работа и следење процеси

✔ Познавање на работа со веб-страници ќе се смета за предност

✔ Искуство во маркетинг не е задолжително – поважно ни е да си организирана, брзо да учиш и да знаеш како да ги завршиш работите

Што нудиме?

 

⭐ Работа во динамична и растечка компанија

⭐ Можност за развој и стекнување искуство во маркетинг и продажба

⭐ Учество во креирање и реализација на национални маркетинг кампањи

⭐ Пријатна работна атмосфера и професионален тим


Ако се препознаваш во описот, испрати ни ја својата биографија и придружи се на тимот на Тиго.

 

Не бараме маркетинг гуру. Бараме личност што знае да организира, координира и да ги претвора идеите во резултати. 



Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје