Консултант за теренски посети на клиенти

  • Full-time
  • Portfolio Management
  • Back Office

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 


Позицијата вклучува:

 

  • Работа со портфолио на клиенти кои се во фаза на доцнење и нивна комуникација
  • Посета на клиенти (физички лица) на домашна адреса на територијата на цела држава, со цел изнаоѓање на взаемно решение за соодветна наплата на долговите;
  • ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси;
  • комуникација со корисници во однос на наплата на кредитни долгови (физички лица);
  • Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување;
  • Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата;
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови;
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор на оддел за теренско управување со кредитно портфолио. 



Профил на кандидат:

 

  • Искуство во теренска наплата се смета за предност;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Вештини за преговарање и убедување;
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
  • Флексибилност за извршување на работните задачи во сите општини во РСМ;
  • Возачка дозвола Б категорија. 

 

Услови од компанијата:

 

  • Дополнителни денови за годишен одмор за лојални вработени;
  • Работно време понеделник до петок 08.00-16.00 часот;
  • Современа и најнова технологија;
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Дополнително колективно осигурување;
  • Слободен ден за прваче;
  • Слободен ден за роденден;
  • Можност за напредување;
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија;


Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО ФАЈНАНС го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО ФАЈНАНС, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје