Специјалист во контакт центар/Електронско кредитирање

  • Full-time
  • Customer experience
  • Back Office

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

 

 

Специјалист во контакт центар - Електронско кредитирање

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници. 


 Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна телефонска услуга за корисници во контакт центар
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
  • Креирање апликации за кредит на заинтересирани клиенти и спроведување до исплата
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Постапување по потреби на корисници


На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на контакт центар.


Профил на кандидат:

  • Искуство во контакт центар ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Работа во две смени во работно време понеделник-петок и сабота 08.30-16.30

Услови од компанијата: 

  • Дополнителни денови за годишен одмор за лојални вработени;
  • Современа и најнова технологија;
  • Атрактивен пакет на бонуси;
  • Дополнително колективно осигурување;
  • Слободен ден за прваче;
  • Слободен ден за роденден;
  • Можност за напредување;
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија.


Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО ФАЈНАНС ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО ФАЈНАНС ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

ФД ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје