Регионален Супервизор на филијали

  • Full-time
  • Customer experience
  • Back Office

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата


Регионален Супервизор на филијали (скопски регион)

 

Доколку сте лидер кој умее да инспирира, решава проблеми и поставува јасни приоритети, ве покануваме да аплицирате.


Позицијата вклучува:

 

  • Одговорност за остварување на бизнис планот на филијалата и нејзино позиционирање на локалниот пазар;
  • Редовна посета на филијалите во мрежата и развој на кредитното портфолио на филијалите во рамки на регионот;
  • Следење на лимити на готовина;
  • Ад-хок контроли на готовината;
  • Редовни контроли на оперативните процеси по вработен во филијала, контрола на квалитет на директна комуникација со клиентите, како и повремени контроли договорени со Директор на сектор;
  • Редовен мониторинг на спроведувањето на процедурите;
  • On-job coaching – работа на професионален развој на членовите на тимот и развој на продажни вештини преку сценарија и дискусии;
  •  Редовна евалуација на вработени и насочување;
  •  Учество во избор на кандидати за отворени позиции во Филијали;
  •  Обезбедување соодветна обука на работното место и интернат;
  •  Редовни посети на филијалите, во согласност со месечен план за посети.


 

На оваа позиција вработениот одговара пред Директорот на секторот за клиентско искуство.


Профил на кандидат:

 

  • Пожелно ВСС – економски факултет
  • Минимум 1 година работно искуство во филијала
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични организациски способности
  • Способност за работа во динамично опкружување
  • Комуникативност и доверливост
  • Аналитичко размислување и работа со голем обем на информации
  • Активен возач

 

Услови од компанијата:

 

  • Дел од Средниот менаџмент на компанијата
  • Договор за вработување на неопределено време со пробен период
  • Атрактивен бонус согласно остварувањето на месечните цели
  • Дополнителни денови за годишен одмор
  • Пакет на дополнително приватно здравствено осигурување и пензиски фонд
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми



Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.