Платена практиканска работа
ФД ФИНМАК ДОО Скопје објавува оглас за платена практиканска работа во седиштето на компанијата во Скопје, како дел од Секторот за правни работи.
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и со висок степен на концентрација при извршување на работните обврски.
Практикантот ќе има можност да се вклучи во различни правни активности и да ги извршува следниве задачи:
- Поддршка на правниот тим на друштвото;
- Помош при анализа и изработка на правни акти и документи за потребите на друштвото;
- Комуникација и координација со нотари, овластени преведувачи, адвокатско друштво и централен регистар за потребите на друштвото;
- Достава на дописи и извештаи до надлежните институции и друга административна поддршка;
- Помош при подготовка и организирање на документи и други материјали за правни активности;
- Одржување и водење на архивата на правниот сектор (електронска и хартиена верзија)