Експерт за кредитирање во филијала Кочани

  • Full-time
  • Customer experience
  • Branch-Kochani

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

 


Експерт за кредитирање во филијалата во Кочани

 


Како Експерт за кредитирање, ќе бидеш клучна алка во процесот на проценка, следење и исплата на кредитните барања. Очекуваме да придонесеш со аналитички пристап, комуникациски вештини и високо ниво на професионалност.


Профил на идеален кандидат:

  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа од понеделник до сабота во две смени
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален Супервизор.

 

Што се очекува од вас:

  • Анализа и обработка на кредитни барања
  • Проценка на кредитната способност на клиенти
  • Изготвување предлози за кредитирање
  • Одржување и унапредување на односите со клиентитe
  • Презентација и нудење на нашите продукти согласно потребите на клиентите
  • Усогласеност со интерните политики и надворешните регулативи
  • Работа со MS Office и 

Што нуди компанијата:

  • Договор за вработување со платена обука и редовна месечна плата (исплата на третиот работен ден во месецот)
  • Атрактивен бонус согласно остварувањето на месечните цели
  • Дополнителен квартален бонус
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Дополнителни денови за годишен одмор за лојални вработени
  • Приватно здравствено осигурување за лојални вработени
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Предизвикувачка и динамична интернационална работна средина со можност за напредување

 

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.

 

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.