Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР
Имаш идеи што можат да направат разлика? Знаеш како добра маркетинг стратегија да ја претвориш во успешна кампања?
Во ТИГО бараме креативен, проактивен и резултатски ориентиран Маркетинг Менаџер кој ќе придонесе кон развојот на брендот, привлекувањето нови клиенти и реализацијата на ефективни маркетинг активности.
Твои главни одговорности
Планирање, организација и оперативна реализација на интегрирани маркетинг кампањи.
Координација на дигитални, ТВ, радио, OOH, PR и BTL активности.
Развивање креативни идеи и предлози за промоција на брендот, кредитните производи и услугите.
Соработка и секојдневна координација со маркетинг, креативни, дигитални и медиумски агенции.
Следење и оптимизација на дигитални кампањи со фокус на генерирање лидови, конверзија и привлекување нови клиенти.
Анализа на ефективноста на кампањите, маркетинг KPI и повратот на инвестицијата (ROI).
Следење на конкурентите, пазарните трендови и препознавање нови маркетинг можности.
Координација со продажните тимови и другите сектори за усогласување на маркетинг активностите со деловните цели.
Учество во планирање и следење на маркетинг буџетот.
Подготовка на редовни извештаи, анализи и препораки за подобрување на резултатите.