Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
BUSINESS PRODUCT OWNER
Биди дел од тимот што ја креира иднината на финансиските производи!
Во ТИГО бараме аналитична, проактивна и иновативна личност која ќе преземе активна улога во развојот, оптимизацијата и унапредувањето на нашето портфолио на кредитни производи.
Ако ги разбираш финансиските производи, знаеш како да ги претвориш податоците во конкретни деловни одлуки и имаш иницијатива за нови решенија – сакаме да те запознаеме!
Твои главни одговорности
Управување и континуирано унапредување на постојните кредитни производи.
Иницирање и развој на нови кредитни производи, понуди и функционалности, согласно потребите на клиентите и пазарните трендови.
Анализа на продажните резултати, профитабилноста и перформансите на кредитните производи
Подготовка на напредни Excel анализи, финансиски пресметки, симулации и извештаи.
Следење и анализа на конкурентските производи, ценовни политики и пазарни можности.
Предлагање промени во продуктните услови, ценовните модели и процесите со цел подобрување на конкурентноста и деловните резултати.
Дефинирање на бизнис-барања за нови производи и системски подобрувања, во соработка со ERP тимовите.
Координација со Sales, Marketing, Risk и други сектори при развој и имплементација на продуктни иницијативи.
Следење на резултатите по лансирање на нови производи и предлагање понатамошни подобрувања.