Консултaнт за теренски посети на клиенти
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Работа со портфолио на клиенти кои се во фаза на доцнење и нивна комуникација
- Посета на клиенти (физички лица) на домашна адреса на територијата на цела држава, со цел изнаоѓање на взаемно решение за соодветна наплата на долговите;
- ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси;
- комуникација со корисници во однос на наплата на кредитни долгови (физички лица);
- Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување;
- Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата;
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови;
- На оваа позиција вработениот одговара пред Супервизор на оддел за теренско управување со кредитно портфолио.