Сениор експерт за кредитирање во филијали Скопје

  • Full-time
  • Customer experience

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

 

 

Сениор експерт за кредитирање во филијали Скопје

 

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.


Позицијата вклучува:

  • Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
  • Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
  • Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
  • Анализа на ризик и одобрување на кредити
  • Нудење можност за продолжување на рок за отплата
  • Работа со готовина
  • На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален Супервизор.

 

Профил на кандидат:

  • Минимум 2 години работно искуство во банка или финансиско друштво
  • Познавање на Англиски јазик
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Флексибилност за работа од понеделник до сабота


Услови од компанијата:

  • Почетна нето плата 32.000 денари + мотивирачки бонуси во зависност од остварувања
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Приватно здравствено осигурување по извесен период во компанијата
  • Динамични работни услови во брзо растечка компанија

 

  

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.

 

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.