Супервизор на Оддел за телефонска продажба

  • Full-time
  • Customer experience
  • Back Office

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата


Супервизор на оддел за телефонска продажба

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија. 



  1. Директно одговорен е за успешно и ефикасно функционирање на тимовите за конверзија на потенцијални клиенти во апликации, а потоа и во кредит; одговорен за имплементирање на политиките насочени кон остварување на бизнис целите на компанијата во делот за продажба на активни и пасивни клиенти;
  2. Одговорен е за поставување и ревидирање на Политиката за повторно активирање на пасивни клиенти и за функционирањето на редовниот процес на комуникација со овие клиенти;
  3. Одговорен е за успешно и ефикасно функционирање на Одделот за телефонска продажбаТим за продажба на продолжувања, Тим за продажба на пасивни клиенти и Тим за продажба на активни клиенти;
  4. Одговорен е за зголемување и развој на соработката со базата на клиенти преку сите канали за апликација, со особен осврт на повторни клиенти;
  5. Има овластување да иницира предлози за попусти во кампањи и во редовен процес на комуникација;
  6. Менаџмент на вработени во Одделот за телефонска продажба (следење на редовност на вработени, навремено обезбедување на форми за отсуства, боледувања и сл.), како и соработка со Сектор за човечки ресурси по потреба;
  7. Учествува во унапредување на личниот професионален развој и мотивација на вработените во Одделот за телефонска продажба;
  8. Подготовка на редовни извештаи и известување до повисок менаџмент.
  9. Одговорен е за зголемување и развој на соработката со базата на клиенти кои аплицираат он-лине;
  10. Одговорен е за соодветно спроведување на процедурите за кредитирање на компанијата и покриеност со вработени со цел испорака на соодветна клиентска услуга;
  11. Следење на перформансот на вработените во Одделот за телефонска продажба на дневно, неделно и месечно ниво и нивна мотивацијата;
  12. Подготовка на извештаи на барање на Менаџер на Оддел и известување до повисок менаџмент.
  13. Ги следи таргетите и ОКРс на во Одделот за телефонска продажба и подготвува стратегија за спроведување на истите во координација со Менаџерот на Контакт Центарот и изработува извештаи за неделна/двонеделна и месечна продуктивност;
  14. Следи извештаи во БИ за перформансот на во Одделот за телефонска продажба на дневна, неделна и месечна основа;
  15. Ги контролира оперативните процеси поврзани со услугата на клиенти во Одделот за телефонска продажба;
  16. Спроведува алатки за адекватна грижа на клиенти при електронско кредитирање и предлага подобрување на истите;
  17. Одговорен е за сценаријата кои ги следат вработените во Одделот при телефонски разговор со клиенти и предлага промени по потреба;
  18. Се грижи клиентите да останат во синџирот на комуникација на Финмак ДОО, така што ќе добиваат точна информација новите производи и постоечките кампањи;
  19. Спроведува on-job training на вработените во Одделот за телефонска продажба;
  20. Одржува редовни оперативни состаноци со вработените во Одделот за телефонска продажба минимум два пати во месецот;
  21. Дава регуларен feedback на вработените во Одделот за телефонска продажба, согласно годишниот план за feedback на компанијата;
  22. Ја истражува клиентската услуга понудена од конкуренцијата и предлага подобрувања;
  23. Ја следи функционалноста на ИВР логиката и контактот на клиенти преку Аутодајлер опцијата и предлага промени;
  24. Директно е одговорен за квалитетот и професионалноста на комуникација со клиентите преку официјалниот телефон на Одделот за телефонска продажба;
  25. Иницира и е вклучен во изработка на процеси и процедури поврзани со работата на тимовите во Одделот за телефонска продажба и иницира промени по потреба;
  26. Учествува во селекција на кандидати за вработување на отворени позиции во тимовите во Одделот за телефонска продажба;
  27. Одговорен е за спроведување на on-job coaching на вработените во Одделот за телефонска продажба;
  28. Има активна соработка со Маркетинг секторот и е вклучен во организација на ад-хок активности за промоција;
  29. Учествува во работни групи за развој на нови услуги на ниво на компанија или групација;
  30. Креира и гради целно ориентиран и конзистентен имиџ на брендот на компанијата;
  31. Врши други должности и задачи на барање на Директор на Сектор за грижа на корисници, Генерален/Оперативен директор или повисок надреден, кои се во согласност со регулативите и процедурите на компанијата;

Профил на кандидат:

 

  • Пожелно ВСС
  • Минимум 1 година работно искуство во компанијата
  • Познавање на англиски јазик и MS Office
  • Одлични организациски способности
  • Способност за работа во динамично опкружување
  • Комуникативност и доверливост
  • Аналитичко размислување и работа со голем обем на информации

 


Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.