Експерт за кредитирање во филијала Куманово

  • Full-time
  • Customer experience

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

 

 

Експерт за кредитирање во филијала Куманово

 

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.


Позицијата вклучува:

·   Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница

·   Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници

· Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите

·    Анализа на ризик и одобрување на кредити

·    Нудење можност за продолжување на рок за отплата

·    Работа со готовина

·    На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален супервизор.

 

Профил на кандидат:

·    Вештини за преговарање и убедување

·    Одлични комуникациски и продажни вештини

·    Внимание на детали и ориентираност кон резултати

·    Флексибилност за работа од понеделник до сабота

·    Обука во Скопје во времетраење од една недела

Услови од компанијата:

·   Современа и најнова технологија

·    Можност за напредување

·    Динамични работни услови во брзорастечка компанија

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.