Специјалист за безбедност и мониторинг

  • Full-time
  • Administration
  • Back Office

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата


Специјалист за безбедност и мониторинг

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија. 


 Позицијата вклучува:

 

  • Асистирање на Менаџерот за фасилити и безбедност при креирање на безбедносни процедури и изготвување на нови процедури и протоколи;
  • Креирање на месечен план за безбедносна проверка и контрола и спроведување на планот на терен;
  • Следење на видео надзор, адекватно постапување согласно претходно утврдени протоколи и процедури и навремена дојава за евидентирани настани од безбедносен карактер до непосредно претпоставениот;
  • Следење и известување за техничката исправност на доверените технички средства;
  • Подготвување предлози за унапредување на надворешна и внатрешна безбедност на филијали;
  • Изработка на извештаи на дневна, неделна и месечна основа;
  • Контрола и легитимирање на надворешни лица;

 

На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџерот за фасилити и безбедност.


Профил на кандидат:

 

  • Претходно работно искуство во релевантната област ќе се смета за предност;
  • Искуство во користење релевантна технологија и опрема;
  • Одлични комуникациски и оранизациски вештини;
  • Способност за запазување на детали и рокови;
  • Способност за тимска работа;
  •  Преземање одговорност;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач најмалку 2 години.



Услови од компанијата:

 

·      Современа и најнова технологија

·      Полугодишен бонус

·      Можност за напредување

·      Динамични работни услови во брзорастечка компанија

 

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.