Директор за усогласеност со прописи,спречување на перење на пари и фин.на тероризам

  • Full-time
  • Compliance and AML
  • Back Office

Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. 

 

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата


ДИРЕКТОР ЗА УСОГЛАСЕНОСТ НА ПРОПИСИ, СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ ТЕРОРИЗАМ



Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија. 

Requirements

  • Се грижи за спроведување на законот и други финансиски прописи од областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Предлага политики и процедури и нивна ревизија во областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Комуницира со управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Комуницира со кореспондентни финансиски компании од областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Проверува и верификува извештаи од областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам;
  • Анализира и следи одредени клиенти и трансакции и подготвува извештаи за истите;
  • Подготвува план и материјали за обука на вработените во областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам и спроведува обука;
  • Подготовка и редовно ажурирање на проценка на ризик за перење пари и финансирање тероризам;
  • Подготовка и имплементација на Програма за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање тероризам;
  • Преглед и ажурирање на рамката за внатрешна контрола, вклучувајќи анализи на клиентите, сомнителни активности и следење на сомнителни трансакции;
  • Известување и доставување на податоци, информации и документација до Управата согласно одредбите од овој закон и подзаконските акти донесени врз основа на него;
  • Врши внатрешна контрола врз спроведувањето на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање тероризам најмалку еднаш годишно во тековната година за претходната година и подготвува документација за констатираните наоди од спроведената контрола;
  • Предвидува, идентификува, следи, ажурира и известува за ризикот од (не) усогласеност на компанијата;
  • Воспоставување, ажурирање и спроведување на политиките, процедурите и внатрешни контроли за усогласеност;
  • Следење на правната регулатива и соодветно ажурирање на политиките согласно промените во регулативата;
  • Обезбедува и врши обука за усогласеност на сите оддели;
  • Креира и одржува усогласеност и култура на корпоративно управување во компанијата;
  • Дизајнира и спроведува Процес на одобрување на нов производ; Спроведувања и одржувања програми за следење на усогласеноста за идентификување и справување со ризиците;
  • Спроведува проценка на ризикот од неусогласеност, препорачува стратегии и превзема активности за отстранување на неусогласеностите;
  • Води евиденција за прекршувања на усогласеноста и препорачува корективни активности
  • Подготвува извештаи од областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам како и усогласеност со прописи за извршниот директор/оперативниот директор и на ниво на групација.
  • Приватно здравствено осигурување
  • Полугодишен бонус за успешност
  • Современа и најнова технологија
  • Можност за напредување
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија 



Доколку сметате дека сте вистински кандидат, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.

 

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

 

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.