Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
ЕРП специјалист
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон исполнување на обврски, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во комуникацијата со сите колеги
Позицијата вклучува:
·Прифаќа “сопственост” и превзема одговорност за Системот за управување со кредити (Mango ERP) и неговата функционалност;
·Го анализира текот на процесите и техничките системи и дава насоки за модификации/промени каде што тоа е потребно, на месечно ниво.
·Превзема дневни активности за константно работење на ЕРП системот и отстранување на потенцијални грешки
·Внесува нови параметри во базите на податоци и креира кориснички профили
·Процесира барања кога се потребни интервенции во апликациите или кредитите
·Администратор на хелп деск апликацијата/процесот
·Спроведува редовни контроли за конзистентност на параметрите внесени во системот
·Водење на кеш регистри како и администрирање на делот со ЦМС подружници
·Се грижи за непречено функционирање на системот
·Овозможува целосна подршка на оперативците во реално време
·Обработува податоци кои се потребни на останатите тимови за непречено работење на истите
· Детектира процеси што допринесуваат сложеност и преоптеретеност на системот
·Води активна евиденција за пермисиите на вработените
·Анализира логови и спрема извештаи по истите
Работното време ќе биде во две смени од понеделник до сабота.