Потребни квалификации и искуство
-
Образование: Високо образование
- Работно искуство:
- Минимум 3 години работно искуство во Усогласеност со прописи (Compliance), кредитен ризик, интерна/надворешна ревизија или кредитирање на физички лица
- Искуство во анализа на кредитни портфолија, проценка на ризици од кредитирањето и разбирање на механиката на финансиските кредитни производи.
- Познавање, следење и толкување на регулативата, како и нејзина практична примена преку дефинирање и спроведување на интерни контроли и процеси за усогласеност
- Претходно искуство во воспоставување и мониторинг на контроли за спречување регулаторни отстапувања, како и соработка со тимови за отстранување на утврдени наоди од ревизии или контроли.
- Технички вештини:
- Напредно познавање на анализа на податоци (Напредно ниво на Excel). Познавање на Power BI или искуство со извлекување и анализа на податоци од core систем ќе се смета за предност.
- Познавање на циклусите на кредитирање, метриките за кредитоспособност и основните AML/CFT принципи.
-
Јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик (говорно и пишано).
Клучни лични карактеристики
-
Аналитички пристап: Способност за анализа на податоци за да се препознаат системски неправилности.
-
Висока самостојност и одговорност: Самоиницијативност и способност за преземање одговорност.
-
Јасна и директна комуникација: Самодоверба при презентирање наоди и застапување на усогласеноста пред сите засегнати страни.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО ФАЈНАНС го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО ФАЈНАНС, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.